речник контакт

Во Велес за неполн месец има 40 заболени од грип

Лани во јануари имало 124 случаи на грип, ама годинава велешанка почина од последиците на грипот

Петар Печков

Според податоците на Центарот за јавно здравје од Велес од почетокот на годинава, досега, во Велес се регистрирани 40 заболени од грип, од кои 28 лица во последните седум дена. Ова е вообичаено за овој период од годината, појаснува  д-р Билјана Трајкова, епидемиолог во Центарот, која ја следи состојбата со болеста.

Најголем број од болните биле на возраст од 15 до 64 години, а има и болни над 64 години. Споредбено со  податоците од Центарот за јавно здравје во текот на јануари минатата година во Велес, тогаш  биле регистрирани вкупно 124 лица заболени од грип за цел месец. 

Епидемиологот  д-р Трајкова апелира граѓаните да се приддржуваат до препораките од лекарите за повеќе витамини во исхраната и избегнување на масовни собири, бидејќи, како што рече, грипот лесно се пренесува при контакт со заболено лице. Таа воедно апелира заболните од грип веднаш да се јават кај своите матични лекари и побараат медицинска помош за ефикасно лекување на болеста.

Годинава се случи и смрт на 67 годишна велешанка како последица од грипот а имала и и други здравствени проблеми.

АНКЕТА »

Дали е потребно забрана за користење на мобилни на наставата во училиштата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »