речник контакт

Во Велес собирен пункт за помош на погодените од невремето

Има и мобилен за донации 143 100 од сите мрежи

Петар Печков

Општина Велес и денес  понеделник  организира  собирање на хуманитарна помош за поплавените семејства во најпогодените места во Скопје.  Пунктот за донација е на локацијата пред поранешно Панини во периодот од 09.00 до 21.00 часот.

Велешани ја покажуваат нивната хуманост,  во текот на неделното попладне, донираат флаширана вода, хигиенски средства, бебешка храна и средства и конзервирана храна. Собирната акција која ја организира Општина Велес продолжува и   утре вторник!

Конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена и средства за дезинфекција се најпотребни на населението во поплавените подрачја.

Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош со уплата на Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка или со донирање 100 денари преку телефонски повик на 143 400 преку сите мобилни оператори.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »