речник контакт

Во Велес 12 оздравени пациенти позитивни на ковид-19, нови пет лица позитивни

Јавноста очекува одговор од трудовата инсекција, а по реакциите на вработени во текстилна конфекција -тогаш сомнителни случаи дека биле приморувани да одат на работа се додека не ги добијат тестовите

Петар Печков

Изминатите 24 часа  во Велес се регистрирани пет ново заразени со ковид-19, а во текот на вчерашниот ден како оздравени се водат 12 лица, осум биле дома а четири  на Инфективно одделение,  информација која ја потврдија од Центарот за Јавно здравје Велес.   

Со ова бројот  на активни случаи во велешко изнесува 44 лица, додека вкупниот број на заразени лица  во велешко е 86.  Дел од нив  се   на лекување   во Скопје,  15  на инфективно одделение во велешка болница и дел дома. На Инфективното одделение има тројца пациенти со симптоми, кои се лежечки таму а се чекаат резултатите од земените брисеви. 

За два дена во велешко беа евидентирани девет нови случаи со ковид-19, од нив два се во населба Чашка. Повеќето од  деветте ново заразени се од кластерот конфекција и лица блиски до нив.

Конфекцијата од понеделникот не работи, освен 20-тина лица кои изработувале заштитни маски, а јавноста во градот очекува  одговор од трудовата инспекција, по реакциите на вработените тогаш сомнителни случаи, дека биле приморувани да одат на работа, се додека не ги добијат тестовите. 

Два од денешните пет случаи се од кластерот на една тамошна конфекцијата односно една вработена и шофер на автобус кој ги превезувал вработените на конфекцијата, информираше порталот Скопјеинфо.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »