речник контакт

Во Велешко лани 11 отсто зголемен бројот на лица со дијабетес

Лани се евидентирани два нови случаи и тоа на деца од две и девет години кои се на инсулинска терапија . Здружението од Велес реагира на недостиг на инсулинска терапија од Тип 1

Петар Печков

Минатата година во Велес имало  11 отсто повеќе лица со дијабетес отколку во 2016-ата година. Ова на прес конференција го соопшти претседателот на Здружението на дијабетичари  Лилипоп од Велес а на која секоја година се претставува бројот на лица кај кои е евидентиран шеќер во крвта . 

Во 2017-ата година, според бројките добиени од Центарот за Јавно здравје во општината биле  регистрирани вкупно 6.491 лице со дијабетес, од кои 1066 на инсулинска терапија  а во руралните населби живеат 103. Оваа бројка е поголема за 648 ново дијагностицирани лица со дијабетес, во однос на претходната година а лица кои примаат инсулин е повисока за   79 лица или 8 отсто,  од 987 во 2016-та лани имало 1066.  

Причината за добивањето на дијабетес е стресот, начинот на исхрана и не движењето. Поразителни факти се дека со дијабетес во Велес  до 20 години се регистрирани 23 лица -деца со дијабетес Тип 1, а во текот на 2017 година идентификувани се најмалку 11 деца на возраст од 12-16 години со пред дијабетна состојба. Жално е што лани имаме два ново евидентирани  случи на деца од две години и девет години кои се на инсулинска терапија тип 1 - рече Димче Велев претседател на Здружението Лилипоп. 

Додаде дека е можно да има разлики со бројките на докторите оти тие работеле со бројки од ,,Мој термин,,.   Во трите соседни општини каде Здружението  работи и имаат свои членови, општините Градско, Лозово и Чашка се со просек под стапката на преваленца.      

За сите овие  три  општини важно е да се напомене потребата од едукација за редовно мерење шеќер во крвта. Жителите во овие рурални средини не обрнуваат доволно внимание на оваа состојба - вели Велев.

Податоците илустрираат дека кај жените има далеку  повеќе случаи на дијабетес повеќе од мажите.  Велев за ова најави дека ќе мора дополнително да истражат зошто е така како и кампања за превенција од дијабетес пред се кај младите, да спортуваат да се движат, да не седат дома пред компјутерите.   

Одговарајќи на новинарско прашање како е состојбата со снабденост со инсулини рече дека повеќе лица користат од новата генерација инсулини, кои биле со продолжено дејство. 

За жал инсулинот од Тип 1 кои во велешко го користат 60 лица го нема редовно. Со инсулин Тип 2 сме добро снабдени, што не значи дека молчиме како Здружение, туку напротив реагираме на секој недостаток, се помагаме таму каде што нема и кога нема. Очекувам дека следниот тендер ќе ги надмине овие проблеми - кажа Велев. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »