речник контакт

Во Велешко се помалку површини под лебно жито

Ниската откупна цена ги намали површините под пченица и јачмен

Петар Печков

Површините под лебно жито во велешко се намалуваат.  Земјоделците не се задоволни од откупната цена, па осетно ги намалија  засеаните површини. Производителите  оваа есен  се жалат  на ниската откупна цена на лебното жито, поради што дел од родот остана непродаден.

Поради тоа решија да ги  намалат површините под пченица и јачмен. Револтирани се од тоа што наместо за производство на леб, трговците им ја откупуваат за добиточна храна.

Минатата година под лебно жито имав посеано 15 хектари, а за годинава површините  ги намалив на само пет  хектари.  Ова е  поради ниската откупна цена  на минатогодишниот род, До пред некоја година  пченицата  беше квалитетна се употребуваше за производство на леб, а сега ни велат дека не е квалитетна, ја откупуваат по цена од 8  денари за килограм. И со неа да ги ранат свињите, жално.  Наместо нашата, увезуваат брашно или пченица од странство - објаснува Ѕвонко земјоделец  од селото Мамутчево.

Затоа повеќе од половина на  ланскиот род сочувал непродаден.  Проценките се дека годинава во велешко површините од лебно жито ќе бидат осетно намалени од 25 до 30 отсто. 

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »