речник контакт

Во Горно Оризари за влез во ЕУ

Кога Македонија ќе влезе во ЕУ никој не може да одговори, рече евродипломатот Аиво Орав

Петар Печков

Евро автобусот на ЕУ  денес престојуваше во велешкото село Горно Оризари а амбасадорот Аиво Орав можеше лично да ги слушне проблемите на околу три илјади жители од ова населено место. Илјада и петстотини нивни соселани претежно млади, престојуваат во државите од ЕУ.  Нивното прво прашање беше, кога Македонија ќе влезе во ЕУ, на кое не добија одговор.

За жал на ова прашање  не постои човек, што може да даде одговор. Вие се уште не сте ги почнел преговорите за да може нешто конкретно  да се каже. Мојата земја Естонија седум години преговараше за влез во ЕУ друштвото – рече евро амбасадорот  Аиво Орав. 

Селото Горно Оризари беше првата станица, а тој најави дека во следните петнаесетина дена ќе посети повеќе места во Македонија со цел да го слушне гласот на граѓаните, бидејќи се ,,не се случувало во Скопје,, но и како да се искористи помошта во висина од сто милиони евра, која секоја година ЕУ ја доделува на Македонија. Жителите на Горно Оризари пак побараа  почитување на нивните права како Бошњаци, за рамноправна застапеност, за употреба на јазикот, за вработување бидејќи 99 отсто од нив биле невработени.  За разлика од нив, градоначалникот на Велес, потсети што се локалната власт направила за нив.

Во Горно Оризари има два проекти кои се поврзани со ЕУ.  Отворена истурена канцеларија  како дел  од граѓанскиот сектор, каде жителите на Горно Оризари можат полесно да  ги остваруваат своите права. Вториот проект кој е потпишан  и со кој започнуваме е ,,Подобрување на демократските процеси на етничките заедници кои се под 20 проценти,,  - изјави градоначалникот на Велес Горан Петров.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »