речник контакт

Во Иванковци секое семејство со трактор

Во велешко овие четири години се доделени на користење 4,7 илјади хектари државно земјоделско земјиште на 425 корисници. За исто толку период поделени се 16 милиони евра субвенции.

Петар Печков

         Во велешкото село Иванковци од стотината  регистрирани индивидуални земјоделци,  половината имаат набавено современа механизација, трактори. Така од илјада жители сите дома имаат трактор, но поголемиот дел дома, во дворот , имаат машина набавена по владината програма половина - половина. Или преку неа во селото има влезено капитал вреден половина милион евра . Но освен трактори, имаaт набавено  и 120 други приклучни  помошни машини.

Тоа го прави посебно, меѓу останатите македонски села. Кога кон тоа се додаде дека  во Иванковци преку програмата ИПАРД двајца нивни соселани добија вредни кредити по десетина илјади евра, тогаш е разбирливо што селото е на картата на новото современо  македонско земјоделие. Тоа за селаните значи поголеми приноси и поедноставна обработка на земјата.

Преку овие програми купив нов трактор вреден 20 илјади евра и инсталирав систем за наводнување капка по капка. Приносот на грозјето и тутунот  сега е за 30 отсто повисок. Тоа пак значи и поголем профит и подобри услови за живот за моето семејство – рече Боби Спасовски регистриран земјоделец од Иванковци.

Тоа  е едно од населените места  во Македонија каде земјоделството бележи раст, експанзија.  Ова е од голема помош за жителите на селото Иванковци, кои годинава под закуп земаа илјада хектари државно земјиште. За поголем интерес кон нивните продукти, дел од нив се решија да работат со органско производство и шестмина индивидуални земјоделци се здобија со сертификат за органски производители во преод, четворица се за житни култури а двајца за овчарство. Нивните производи се барани  и со повисока цена на пазарот, згора на тоа добиваат и повисоки субвенции. Меѓу жителите на Иванковци во посета беше и заменикот  министер за земјоделие, кој ја најави новата програма која ќе стартува од следната година а со која помош ќе добиваат поширок круг  индивидуални земјоделци.

  Од година земјоделците ќе можат да сметаат на нови 14 милиони евра, европски средства за нови  земјоделски машини. Тогаш стартува новата програма за набавка на земјоделска механизација за сточарството, лозарството и овоштарството преку ИПАРД програмата. Тие се наменети преку  кофинансирање за развој на земјоделието. Процентот  ќе биде 50 до 55 отсто за младите земјоделци, 60 проценти за земјоделците од планинските подрачја и 65 отсто за младите земјоделци од планински подрачја – рече заменикот министер Зоран Коњановски.

Тој на земјоделците кои годинава мака мачат со сушата, бидејќи во  регионот нема систем за наводнување, им вети решавање на овој тежок проблем за нив. Тоа е изградба на систем за наводнување, кој водата ќе ја носи од езерото  ХС Лисиче, со што ќе може да се наводнуваат околу 4 илјади хектари плодна земја, преку реката Вардар, кои досега беа суви.
 
Во велешко овие четири години се доделени на користење 4,7 илјади  хектари  државно земјоделско земјиште на 425 корисници. За исто толку период поделени се 16 милиони евра субвенции.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »