речник контакт

Во Ликовен салон дела од Меѓународната Кичевска ликовна колонија

Претставени 20 дела изработени во различна техники, акрил на платно, масло на платно, комбинирана техника, графики

Петар Печков

Во Ликовниот салон вчеравечер, четврток,  беше  отворена изложба на дела од 24-тата Меѓународна  Кичевска ликовна колонија.  Пред велешката јавност се претставени 20 дела од  60-те изработени, кои се авторство на 24-тата Интернационална Кичевска Ликовна Колонија.

Во прекрасниот амбиент во Куќата на Уметноста во село Кнежино-Кичево  минатото лето престојуваа  21 уметник од 14 држави:  Казахстан, Северен Кипар, Индија, Иран, Италија, Египет, Романија, Словенија, Турција, Косово, Србија, Хрватска, Бугарија и Македонија. Делата се изработени  во различна техники, акрил на платно, масло на платно, комбинирана техника, графики. 

На изложбата  имаме  можност да видиме различни индивидуални светови и пристапи при утврдување на ликовните образци. Секој од овие творци, преку изборот на својот личен  ликовен говор ја живее стварноста во конкретниот миг, различна за секој од уметниците. Посебен, интимен миг, изразен преку делото, представувајќи ги најдлабоките суптилни чувства на секој од авторите. Уметноста во овој случај делува како обединувач, ја гради целината, ги надополнува етничките, географските,  времеменските разлики - рече на отворањето Анита Василкова Мидоска, в.д директор на Народниот музеј од Велес.  

Колонијата се одржува 24 години во континуитет и во нејзини рамки од 1994 до2017година во креативна творечка и релаксирана атмосфера во хотелот “Куќа на уметноста” сместен во густа констенлива и борова шума на 960 метри надморска височина во с. Кнежино, авторите досега создале над 1300 уметнички дела, а во депото во Куќата на уметноста има над 900 дела од светски познати мајстори.

АНКЕТА »

Дали граѓаните ги почитуваат препораките за заштита од корона вирусот, да останат дома, да има растојание кога се чека во редица пред банка, маркет?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »