речник контакт

Во МК Стоби трудов инспекторат открил повеќе неправилности

Надлежните презеле активности за прекршочна одговорност кон правното и одговорното лице во компанијата

Петар Печков

Низа неправилности во работењето, како отказ од работа без доставено решение, неисплатени плати и регрес за годишен одмор и прераспределба на работно место и промена на договорот за вработување од неопределено на определено време, се откриени кај текстилната компанија „Стоби“ во Велес, информираа од синдикатот а по извршената инспекција на Државниот инспекторат за труд. .

Државниот инспекторат за труд во повеќе наврати направил инспекциски надзор во компанијата при што се утврдени неправилности од страна на работодавачот, како што се откази на работници без достава на решенија за отказ и неисплатени плати и регрес за годишен одмор.

При инспекциските надзори утврдено е одјавување на 59 работници по основ на спогодба без да се склучи спогодба за престанок на работен однос и склучување на договор за вработување на определено време без писмен договор за вработување, а на 67 вработени им е даден нов променет договор за вработување при што покрај промената на работното место извршена е и промена на работниот однос од неопределено на определено време -пишува во информацијата од  Синдикатот.

Трудовите инспектори утврдиле и дека одјавувањата на работниците по основ на спогодба без склучување на спогодби, се ништовни, односно донесено е решение за нивно поништување и преземени се активности за прекршочна одговорност кон правното и одговорното лице во компанијата.

Сојузот на Синдикатите на Македонија  како најважен заштитник на работничките права покрај за своите членови води сметка и за сите работници во државата, а синдикатот е единствениот субјект во државата, кој има механизам и кој може да се стави во улога на заштитник на правата на сите работници - се наведува во соопштението од ССМ.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »