речник контакт

Во Македонија висока смртност на бебињата мал опфат на децата во градинка

20 ноември -Светски ден на првата на децата. За надминување на проблемот со нискиот опфат на децата во градинките во Велес, зградата на ОУ Џинот за градинка

Петар Печков

Македонија мора да работи на  намалување на  високата  стапка на смртност на бебињата и на малиот опфат   на децата во градинките, порача претставникот на УНИЦЕФ за Македонија, при посетата на Велес.   Тоа беше во рамките на одбележувањето на 20 ноември Светскиот ден на правата на децата при  што беше посетено најголемото училиште во Македонија според бројот на  ученици ОУ  Васил Главинов, каде учат околу 1,8 илјади ученици. 

Присуствуваме   на забавен настан, кој испраќа сериозна порака.  Дека сите имаме  обврска за децата да го обезбедиме најдоброто, за учење, образование,  за здравство, да се развиваат и го развиваат својот потенцијал.  Македонија има постигнато одреден  развој во правата  на децата, се вложуваат напори и има напредок.  Но  мора да се обрне  внимание на високите стапки на смртност кај бебињата. Потоа Македонија во регионот има најмала стапка на покриеност на деца во претшколско образование и присуството и  посетувањето на основното и средно училиште, тоа  треба да се подобри. Има прашања кои треба да се третираат  - порача  Бенџамин Перкс, претставник на UNICEF во Скопје.

На Светскиот ден на правата на децата, во училиштето се врати некогашната пракса од социјализмот, ученичкото управување. Денес учениците  беа и наставници имаа и свој директор. Така во ОУ Васил Главинов, ученичката Лиле Ристова од 9-то одделение, беше прв човек на школото.  Перкс со пофалба  за овој чин.   

Децата имаат права  да осознаат како е  да се  биде на  местото на возрасните,   да се води училиште,  да се раководи со него. Тоа е  добра можност тие да се изразат, да се    искажат и кажат што мислат. Секако постојат добри работи во историјата што не мора бргу да се ослободиме  од тие добри нешта, може да ги продолжиме  натаму -  рече  Перкс одговарајќи на прашање, дали  ученичкото самоуправување се враќа со нова форма.  

Градоначалникот  на  Велес, Аце Коцевски ја разбраа пораката за   малиот опфат   на децата во  градинките и најави дека ќе работат на повисок  процент на опфат.

Научните анализи покажале дека  интелектуалниот развој на децата е  помал ако седат дома а не во градинка со  нивните врсници и воспитувачи. Опфатот во Македонија е  40 отсто и мораме да го  зголемиме. Во Велес имаме специфична ситуација имаме простор во основните училиште, нема доволен број ученици а имаме недостиг на простор во детските градинки за згрижување и има голем интерес.  Имам план како тоа ќе го решиме, со спојување на двете основни училишта Џинот и Благој Кирков кои учат во една зграда и рационално користење на празната зграда на поранешното ОУ Џинот– рече Коцевски.  

На 20 ноември 1959 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на детето и на 20 ноември 1989 година ја усвои и Конвенцијата за правата на детето. Од 1990 година, како Универзален ден на детето се одбележува денот кога Генералното собрание на ОН ги усвои Конвенцијата за правата на децата и Декларацијата за правата на детето.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »