речник контакт

Во Македонија расте бројот на затвореници

Македонија ја мачи проблемот со прекумерен број на затвореници - 138,2 затвореника на 100 места. Податоци на Годишниот извештај на Советот на Европа за 2015-та

Петар Печков

Бројот на луѓе во затворите во Европа се намалил во 2015 година, за 6,8 проценти, во споредба со претходната година, но високата бројка и понатаму останува проблем за 15 европски држави, според најновиот извештај на годишната казнена статистика (SPACE) од Советот на Европа.

Според извештајот, значаен пад на затвореници е забележан во осум земји. Најголем пад има во Грција (-18%), Данска (-11%), Северна Ирска (-9,7%) и Холандија (-9,5%). Бројот на затвореници најмногу расте во Грузија (+20,5%), Македонија (+12%), Турција (+11,6%), Чешка (+11,4%) и Албанија (+10,3%).

Македонија најмногу ја мачи проблемот со прекумерен број на затвореници (138,2 затвореника на 100 места), а по неа се Шпанија (133,1), Унгарија (129,4) и Белгија (127).

Најголема стапка на затвореничка популација има Русија (439,2 затвореници на 100.000 жители).

Во Европа во целина во 2015 година, во затворите казна отслужувале 1.404 398 луѓе, што е за 102.880 помалку отколку во 2014 година. Стапката на затвореници опаднала за 7%.

Бројките се според  извештајот:  

http://wp.unil.ch/space

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »