речник контакт

Во Младински на ракомет за поддршка на репрезентативците

Натпреварите на видео бим зеднички ќе можат да се следат од Младински парк. Општина Велес, радио 5фм и Жито Вардар повикуваат на забава

Петар Печков

Општина Велес,   5ФМ Радио и АД „Жито Вардар“ организираат масовен настан за поддршка на македонската ракометна репрезентација на претстојното Европско првенство во ракомет што ќе се одржи во Србија.

Спектаклот исполнет со спортски дух, бодрење на македонските репрезентативци, вино и храна, пита пастрмалија ќе се одвива во Младинскиот парк, кај фонтаната, не во Анфитеатарот, во текот на натпреварите на македонската репрезентација.

Настанот ќе започне во недела, 15-ти јануари , во 18:30 часот, непосредно пред почетокот на првиот натпревар со селекцијата на Шведска. Љубителите на спортот, натпреварот ќе можат да го следат заеднички на видео бим во Младинскиот парк.

Општина Велес, 5ФМ  Радио и АД „Жито Вардар“ Ве покануваат со Македонија  да ги бодриме заеднички нашите репрезентативци на Европското првенство во ракомет за мажи.Дружењето започнува еден час пред почетокот на натпреварите.

 Еве го распоредот :

15.01 Македонија - Шведска 19,30 ч.

17.01 Македонија Германија 18,15ч.

19.01 Македонија - Чешка 20,15 ч.

 

Бидјеќи истовремено се одржува и ЕП во ватерполо, еве ја саатницата на македонската селекција:

16.01 Македонија - Турција  13ч

17.01 Македонија - Грција  13ч.

19.01Македонија - Унгарија 13ч.

21.01 Македонија - Италија 14,30 ч.

 23.01 Македонија - Холандија 19 ч.

 

 За потсетување ЕП во ракомет ќе можете да го следите на Сител а ЕП во ватеполо на МТВ

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »