речник контакт

Во Ноктурно и Дионис, музика и за соседите

Поради гласната музика прекршочни пријави за два угостителски објекти, истовремено не се точело алкохол на малолетници, ниту се најдени по полноќ без присуство на родители. Како е можно во Булетус, каде има ,,певаљка,, од 5 наутро, никогаш да не е констатиран прекршок со гласна музика?

Петар Печков


Во петокот ноќта, во времето од 00,30-03,00 час од страна на полициски службеници на СВР Велес извршена е контрола во угостителски објекти лоцирани на градското подрачје.

Контролата се однесувала на присуство на малолетни лица во угостителски објекти после 24часот, точење алкохол на пијани и малолетни лица, како и  мерење на нивото на штетна бучава која произлегува од угостителскиот објект. При тоа, извршена е контрола во угостителските објекти: ресторант „Болетус“ , „Софра“ , „Гуд Кафе“ и кабаре „Ноктурно“.

При извршено мерење на нивото на бучава во кабаре „Ноктурно“ со помош на фонометар, констатирано е дека бучавата ја надминува дозволената граница.
   
Исто така, саботата ноќта, во времето од 00,10 до 01,15часот извршена е контрола во угостителските објекти кафе бар „Стоунс“ , „Аквариус“ , „Ескејп“ , „Прего“ , „Сити“ и ресторант „Дионис“ , каде при мерење на нивото на бучавата со помош на фонометар констатирано е дека во ресторант „Дионис“ бучавата ја надминува дозволената граница.
   
И во двата случаи каде се констатирани прекршоците составен е Записник за извршено мерење со фонометар и за истите поднесени се Барања  за поведување прекршочна постапка до надлежниот суд.

 За соседите на ресторан ,,Булетус,, нејасно е како е можно, во објекто во кој музика трешти до 5 наутро, никогаш да не е констатирана прегласен звук?  И прашуваат има ли во полицијата луѓе кои им најавуваат на сопствениците на ресторанот за инспекцијата, па гласната музика во време на контролата, наеднаш во Булетус се стишува и ја снемува.

Од СВР Велес посочуваат дека ресторан за ,,Булетус,, има поднесено пркршочни пиајви за гласна музика а ќе испитуваат како и зошто во време кгоа таму има гласна музика а полицијата имаа контроли, таа  прекинува. Бараат соседите да пријават веднаш штом регистраираат таков случај.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »