Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 декември 2024
Во Росоман пронајден е бездомник кој бил починат, во просторија каде престојувал. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 27.12.2024 во 11.40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во Росоман во близина на игралиштето во помошна просторија (штала) бил пронајден починат М.С.(56), каде престојувал како бездомник. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт“ – соопшти Билјана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
За случајот бил известен бил јавен обвинител од ОЈО Кавдрци, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција,за да се испитаат причините за смртта.
Tweet |