речник контакт

Во Тајланд е формиран оркестар кој чита ноти со Брајово писмо

Младите музичари сметаат дека талентот им е карма, некој вид божја компензација за слепилото

Петар Печков

Во Тајланд е формиран оркестар од млади музичари кои имаат проблем со видот, а нотите ги препознаваат со помош на Брајовото писмо

Тие оркестарот го нарекле „Слеп оркестар“, а во првите интервјуа нагласиле дека талентот им е карма, поточно некој вид божја компензација за слепилото. Тоа се должи на тајландското верување дека слепилото и другите болести се еден вид божја казна за лошото однесување на личноста во претходниот живот.

Во оркестарот свират деца меѓу осум и петнаесет години. Основач на оркестарот е музичарот Алонгкот Чукаев, кој на концерти свири класична музика, а дење е волонтер во зоолошката градина во Бангкок, каде што се грижи за слоновите.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »