речник контакт

Во УЗУС се избираше најубава маска изработена од ученици (фото)

Повеќе од 100-тина смешни и оригинални маски за Прочка, создадоа учениците од повеќе основни училишта од градот

Петар Печков

Велешкото средно училишта ,,Коле Неделковски беше  распишан ,, Kонкурс за уметничка творба под мотото „ВЕСЕЛИ И СМЕШНИ МАСКИ“ а се одржа по повод празникот „Прочка“. Маските кои се пријавија беа во духот на традицијата и празнувањето на „Прочка“ во Велес, како и доловувањето на веселите традиционални ликови на оргинален начин. 

На работилниците земаа учество ученици од: ОУ„Јордан Хаџи Константинов Џинот“ ОУ „Благој Кирков“, ОУ „Блаже Конески“, ОУ „Васил Главинов“, ОУ „Кирил и Методиј“, ОУ „Даме Груев“ - Градско.  На неа  беа избрани најдобри маски од тие  кои беа изработени во времетраење на настанот, со гласање на сите присутни, за најсмешни и највесели ликови.. 

Доделени беа и три награди, од изложбата на маски, од 60 доспеани труда .  

 

Прво место освои маската на Дејвид Угриновски 5a, ученик во ОУ „J.Х.К.Џинот за „Смешна маска со гумен јазик“. 

Второ место освои маската со лик на „Ѓавол“ на ученичката Марија Ѓоргиева 3 одд., од ОУ „Васил Главинов“,

Трето место освои маската со хартиени пердуви, на ученичкот Слободан Калешов од 7– б oдд. ОУ „Ј.Х.К.Џинот“ 

Сите маски, кои се дел на овогодинешниот конкурс и изработени на работилницата, се изложени на изложба во Мултифункционалната сала на училиштето. Изложбата може да се посети до среда 01 март 2018.

АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »