речник контакт

Во автомобил на двајца странци, албански државјани, откриени 45 кг марихуана

Таткото и синот А.М. (44) и А.М.(18 г), на барање на обвинителството, во велешки суд добија притвор

Петар Печков

Неделата на 6-ти октомври  во 11.00 часот на граничен премин „Богородица“,при излез од земјава, двајца албански државјани, татко и син се откриени при обид за изнесување на опојна дрога - марихуана.

при контрола на патничко возило „опел мерива“ со албанска национална ознака, управувано од А.M.(44), а сопатник бил А.M.(18), двајцата од Република Албанија, во посебен бункер, граничните служби откриле  повеќе пакувања марихуана со тежина од околу 50 килограми - соопштија од МВР. 

По пристигање на граничниот премин, возилото  управувано од А. М.(44) државјанин на Република Албанија, во кое како сопатник патувал и неговиот осумнаесет годишен син, од страна на царинските службеници било селектирано за детална контрола,при што под седиштата од возилото се пронајдени три специјално изработени простори за криење на стока- бункери, во кои се пронајдени 45 пакувања завиткани со ПВЦ фолија наполнети со марихуана со тежина од околу 45 килограми - информираа од Царинската управа.

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – државјани на Република Албанија поради постоење на основано сомневање дека како соизвршители сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Двајцата осомничени, татко и син,  по претходен договор и во заедница, на 6-ти октомври неовластено заради продажба пренесувале наркотична дрога – марихуана во вкупна количина од 44,742 кг. При вршење контрола на возилото од страна на  царинските службеници на граничниот премин Богородица биле пронајдени 25 пакувања марихуана сместени во посебно изработен простор – бункер под задните седишта и по 10 пакувања дрога сместени во посебно изработени простори – бункери под возачкото и совозачкото седиште - соопштија од Основното Јавно обвинителство Велес. 

Имајќи ги предвид висината на можната  казна, како и  осомничените да го повторат кривичното дело, но и  дека осомничените се странски државјани и немаат живеалиште во Република Северна Македонија, надлежниот јавен обвинител ценеше дека постојат законски основи за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Судијата на претходна постапка од Основен суд Велес,  го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените им е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »