речник контакт

Во април акција за собирање на габаритен отпад

Собирањето е бесплатно а годинава таа се одржува по осми пат

Петар Печков

Од почетокот на месец април, Општина Велес и ЈКП Дервен ја започнуваат  големата пролетна акција  за собирање на габаритен отпад започнува. Започнува  на 1-ви април и ќе трае  до 1-ви мај 2019 година. Услугата за собирање и транспортирање на габаритен отпад е бесплатна. Вообичаено таа се изведува во пресрет на Велигденските празници, и традиционалното чистење на домовите од непотребни работи. 

Ја имате можноста габаритниот отпад од Вашите домови да го отстраните со повик на телефонот  043/233-768, секој работен ден од 7 до 15 часот. Габаритниот отпад не го изнесувајте на јавни површини и не го оставајте до контејнерите за отпад.  Ве молиме да придонесете за заштитата на урбаната средина и доколку сакате да се ослободите од габаритен отпад да се обратите до ЈКП „Дервен“- се вели во информацијата на Општина Велес.  

Во габаритен отпад спаѓа: мебел, делови од мебел, душеци, прозорски заштитни решетки, кујнски елементи, санитарии - кади, туш кабини, корита, завеси, мијалници, тоалет шолји, славини за вода, огледала, градинарска опрема  - огради, врати, градинарски алат и машини, садови за цвеќе, клупи, ролетни,тенди, врати, прозори, прозорски рамки, велосипеди, радијатори, тапети, играчки и детски колички, како и дрвена амбалажа. 

Изминатите години просечно  се  собирале по  50 м3 во текот на еден месец. Годинава ова е осма акција по ред.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »