речник контакт

Во велешко нови 41 позитивни на ковид-19, оздравени 29 пациенти

Бројката на активни случаи во велешко е 771 лице

Петар Печков

Во велешко денес им регистрирано нови 41 лице позитивни на ковид-19 а оздравени се водат 29 лица, соопшти Министерството за здравство . Со ова бројката на активни случаи се 771 лице а досега заразени биле 1.695 лица. Починати има до денес 57 пациенти со корона вирус од велешко.  

Хоспитализирани во велешката Болница се  вкупно 74 пациенти, 64 се потврдени позитивни, четворица се  сомнителни и шест се  негативни но со изразени симптоми,  28 пациенти се на кислородна поддршка. На Инфективно одделение се сместени  48, на Физикално 18 и на  Интерно осум.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »