речник контакт

Во вонредно чистење на јавни површини, во април собрани 160 м3 смет и градежен шут

Граѓаните продолжуваат да фрлат отпад на несоодветни места со што дополнително се влошува состојбата

Петар Печков

Во месец април освен редовните активности на чистење на јавните површини, вонредно се чистеше на неколку локации во градот и околината. Поради неразумното однесување на дел од сограѓаните, да се фрла смет, градежен шут на простор каде не му е место, вработените од ЈКП Дервен беа ангажирани на расчистување на повеќе локации од отпад.  Од сите локации биле  собрани 160м3 отпад кој е транспортиран и одложен на соодветна депонија.

Општина Велес и ЈКП „Дервен“ неуморно работат да се подобри состојбата со животната средина во градската средина. На терен е видливо дека и покрај сите апели, граѓаните продолжуваат да фрлат отпад на несоодветни места со што дополнително се влошува состојбата. Ги повикуваме граѓаните совесно да постапуваат со отпадот и на тој начин да придонесат за подобра хигиена во градот, бидејќи тој им припаѓа на сите граѓани и е нашата слика пред светот - велат локалните власти.

Смет и градежен индустриска зона Речани, пристапите кон црквите, како и десетици јавни површини во урбаната средина. Пред првомајските празници беа исчистени и рекреативните места Езеро Младост и река Бабуна, како и две депонии во непосредна близина на градските гробишта во Раштани и брегот на реката Вардар на левата страна од градот на место викано УСКА.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »