речник контакт

Во градско дерби победа за Форшпед, победија и ракомeтарите во соседско дерби

Борец- Форшпед 1:3 Борец - Кавадарци 40:31

Петар Печков



 Во заостанат натпревар од Супер лигата во ракомет, комплетниот тим на Борец на домашен терен ја победи екипата на Кавадарци со 40:31, полувреме 17:13.Велешани постојано беа во водство на моменти и со 11 гола предност 34:23 45 мин. За одбележување е одличната игра на младиот и нова надеж на велешкиот ракомет Мачавелов кој постигна 14 гола, додека Слободан Трчков имаше 8. Кај гостите по осум гола постигнаа Лазов и Велевски.Со оваа победа Борец го заврши овој дел до првенството на петто  место. Во вториот дел од разигрувањето ќе игра во лигата за опстанок, но според познавачите велешани со 19-те освени бодови кои се пренесуваат безмалку го има осигурано местото наесен во оваа лига.


 Се играше и одбојка жени, куп каде се сретнаа велешките екипи на Борец и Форшпед. Победи Форшпед со 3:1 а ќе остане забележано што организаторот, Борец реши да наплатува влезници за оваа средба па гледачите мораа да одвојат по 50 денари за да го гледаат натпреварот, што е вистинска реткост во македонската женска одбојка.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »