речник контакт

Во изгорената куќа на Паунови, пронајдени човечки остатоци

Со ДНК анализа ќе се испитува дали се на сопственикот Миле Паунов

Петар Печков

При денешното расчистување на изгорената куќа на Паунови, крим техника од СВР Велес пронашла човечки остатоци. Според ОЈО Велес, тие ќе бидат испратени на ДНК-вештачење во Институтот за судска медицина за да се потврди дали се на сопственикот на куќата Миле Паунов (79).

Истовремено трае и истрага за причините на пожарот, кој ја уништи куќата која беше културно наследство и под заштита на државата. Пожарот избувна во петокот околу 22 часот и освен куќата на Паунови, ја уништи и соседната на Маневи, и двете во маалото на Варналиите, старо градско јадро на Велес. Во локализирањето на пожарот учествуваа екипи на пожарникари од Велес, Скопје, Кавадарци, Неготино и Свети Николе.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »