речник контакт

Во крводарителска акција во Градско собрани 48 крвни единици

Поголем дел од крводарителите - 40 беа мажи, а останатите осум беа жени

Петар Печков

На крводарителската акција која се одржа во Домот на културата во Градско,  собрани се  48 крвни единици. Поголем дел од крводарителите - 40 беа мажи, а останатите осум беа жени. Тројца од нив за прв пат даруваа и станаа дел од најхуманото семејство во државата. 

Жителите од Општина Градско, денеска повторно ја покажаа нивната хуманост.  Бројката на 48  дарители  е исклучително висока ако се има во предвид фактот дека се работи за крводарителска акција во летен период од годината, во една од најмалите општини која брои само околу 3500 жители - изјави Орце Николов секретар на ОО на Црвен крст Велес.

Крводарителската акција заеднички ја организираа Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Следна е дводневната голема летна крводарителска акција на крајот од неделата во Велес, на 13-ти и 14-ти петок а на 21-виа е закажана во Чашка, за денот на Општината. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »