речник контакт

Во летната крводарителска акција собрани 127 крвни единици

Првиот ден собрани 61 а вториот 66 крвни единици.Од дарителите 96 биле мажи и 31 жена

Петар Печков

Дваесет и петтата летна крводарителска акција годинава собра 127 крвни единици, за два дена.  Толку велешани ја подадоа раката и даруваа од скапоцената течност.  Првиот ден се собраа 61 а вториот 66 крвни единици. Од нив една и тоа женско беше крводарител за прв пат. Од  дарителите 96 биле мажи и 31 жена.  Организаторот Општинската организација на Црвен крст од Велес задоволна од одѕивот и со благодарност до дарителите.  

Имаме опаѓање во однос на претходните години во ова летна акција на бројот на собрани крвни единици, наспроти растот на број на собрани крвни единици на ниво на општина кој е константен и во благ пораст. Се повеќе граѓаните се решаваат индивидуално да  даруваат  крв. Траба да се знае дека претходите две седмици имавме две успешни крводарителски акции, едната во гарнизонот на АРМ и втората во Полициската станица на СВР Велес - рече Миле Маџаров претседател на ОО на Црвен крст Велес. 

Собраните крвни единици беа за Заводот за трансфузиона медицина од Скопје.

Лани во оваа летна крвадортелска акција беа собрани  213 крвни единици. Во 2010-тата беа собрани рекордни 383 крвни единици. Во 2011-та 363,  2012-та 346, во 2013 -308,  2014-та - 296, 2015-та - 207 и во 2016 -198 крвни единици. 

АНКЕТА »

Дали треба и натаму летно и зимско сметање на времето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »