речник контакт

Во март завршува идентификацијата за припејд корисниците на мобилни

Околу 1,3 милион припејд- претплатници имаат рок до крајот на март да се идентификуваат. Операторите ќе мора да им ги исклучат телефонските броеви на оние што нема да се регистрираат во зададениот рок.

Петар Печков

Околу 1,3 милион припејд- претплатници имаат рок до крајот на март да се идентификуваат. Операторите ќе мора да им ги исклучат телефонските броеви на оние што нема да се регистрираат во зададениот рок.

Сите корисници на припејд-картички што досега не ги регистрирале своите броеви имаат можност да го направат тоа кај своите мобилни оператори, соопшти Агенцијата за електронски комуникации (АЕK).

Регистрацијата може да се изврши со идентификување на претплатникот на самото продажно место со проверка на податоците од оригинален и валиден документ за идентификација, повикување од претплатникот на посебно утврден број каде што ќе може да ги наведе бараните податоци („Т-мобиле“ - 1233, „Оне“ - 14181, „Вип“ - 140150), испраќање на податоците од страна на претплатникот преку кратка текстуална порака на посебно утврден број, внесување на податоците од претплатникот преку соодветна интернет-страница (веб-портал) или друг начин утврден од операторите.

Според АЕK, причина за реализирање на тој проект, поддржан од трите мобилни оператори во државата, се податоците и искуствата што покажуваат дека користењето нерегистрирани припејд-картички може да предизвика несакани последици. Не

ретко припејд-картичките се злоупотребуваат, се користат како анонимни броеви и ја нарушуваат безбедноста на голем број граѓани.

Новите припејд-корисници се регистрираат веднаш при купувањето на СИМ-картичката.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »