речник контакт

Во месец април, две премиери на велешки театар - „Паника“ и „Мац, мац“

На сцената се враќа претставата „Театар, љубов моја“ која имаше премиера март 2017 а претставата „Слуга за двацја господари“ е бесплатна за гледачите по повод 27 март светскиот ден на театарот

Петар Печков

Две премиери ќе има овој месец април, во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“. Првата е комедијата „Паника“ во режија на Александар Ивановски а втората е копродукцијата „Мац, мац“ на Филип Петковски. Првата премиера е најавена за 16 април, а втората е  за 30 април, и двет се во  вторник,  на големата сцена.  

На сцената се враќа претставата „Театар, љубов моја“од Валери Петров, во режија на Деан Дамјановски, која имаше премиера март 2017. 

Ќе се изведат и претставите„Синиот портокал“, „Слуга на двајца господари“, „Сара“ , „Драма изгубена во времето“ и „Вечера за глупаци“, која по објавата дека ќе биде прикажана, веднаш беше споделна информацијата од театарот дека билетите се распродадени. Тоа создаде револт кај гледачите.

Овој месец април ќе има и три гостувања, сите на мала сцена претстави на Артопија „Да ми го поздравиш и бациш“, на   Вортекс „Кучешко срце“ и на Златен елец „Добри луѓе“. 

Со „Слуга за двајца господари“ велешки театар по повод 27 март, светскиот ден на театарот, за љубителите на театарската сцена организира бесплатна претстава, која ќе се одигра на 3 април  среда. Гратис билетите  се подигнуваат пред почетокот на изведбата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »