речник контакт

Во неделата попладне во Велес измерени плус 40 степени под сенка

Во петокот и саботата измерени беа +39

Петар Печков

Врелиот бран кој ја зафати Македонија, предизвика високи температури.

Во Велес во неделата попладне според УХМР во 17 ч. измерени се +40 во сенка. Тоа е највисоката температура за градот летово.  Претходно во петокот и саботата попладне беа измерени +39.

Овој топлотен бран метеоролозите го најавуваат дека ќе се здржи до среда. Дали овие измерени +40 ќе бидат највисоки летово во Велес, ќе видиме во наредните три дена.

Оваа вредност е измерена на мерната станица на УХМР во близина на Болница, на висина од 2 метри, над тревна површини во дрвена куќарка, како што е според светските стандарди.  

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »