речник контакт

Во ноемвриската акција собрани 2,9 тони електричен и електронски отпад

Најмногу е-отпад собрале учениците од ОУ Блаже Конески и од фирмите „Жито“ и „Димко Митрев“ АД Велес

Петар Печков

Во периодот од 1 ноември до 1 декември годинава, Општина Велес и ЈКП „Дервен“ ја спроведоа годишната  еко акција за собирање на електричен и електронски отпад. Таа се одржа по четврти пат и годинава собрани биле 2,86 тони е-отпад.  

Во акцијата се собрани 47 телевизори, 233 делови од компјутери, 157 телефони, 36 компјутери, 14 монитори, 3 фрижидери, 3 бојлери, 2 греалки, 108 полначи за телефон, 6 радио касетофони и голем број останати апарати и електрична опрема од домаќинствата. Во акцијата од институциите најголеми количини електронски отпад предаде ООУ „Блаже Конески“, а од правните лица компаниите „Жито“ и „Димко Митрев“ АД Велес - велат од локалната власт.  

Отпадот во количина од 2,86 тони е предаден на овластениот колективен постапувач „Нула отпад“ ДОО Скопје за понатамошно постапување.

 

АНКЕТА »

2018-та е зад нас. Како ќе ја помните?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »