речник контакт

Во опкружување со пластичен отпад

Овој наш сограѓанин живее во единствана околина, затрупан од пластичен отпад

Петар Печков

Фотографијата е направена во околината на населбата Хабитат, во т.н. Бугарска населба на исселените лица од  свлечиштетот Рамина. Тие добија дваесетина монтажни куќи подарок од Бугарија, во кој живеат десетина години.

Една од нив е уникатна. Нејзиниот сопственик, кој евидентно собира пластичен отпад, за продавање, собрал толку многу шишиња, што ја затрупал куќата.И додека останатите соседи посадиле дрвја и го  урабанизирале дворот, овој го окупирал со пластични шишиња.

На прашањето дали има комунален инспектор во Велес, одговорот е да. Ама тој евидентно го чека пензионирањето. И онака во куќата до него, каде тој живее, соседите чуваат кози, тука се диво вселените скитници под мостот, па тој не презема ништо. Не можеме да очекуваме  ниту сега пред да замина во пензија дека ќе стори нешто, како што досега ништо не сторил за градот.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »