речник контакт

Во оптек банкноти од сто денари со грешка во печатењето

Првата е пронајдена во Велес. Овие банкноти повеќе се барани од колекционерите

Петар Печков

Во Велес е пронајдена   стоденарка со грешка при  печатењето. Таа е дел од серијата  која се наоѓа во оптек во платниот промет во земјава.   Првата ја откри  велешки таксист, кој  со неверување ја покажа, дека може ваква грешка да се случи при печатењето. 

Аверсот и реверсот не се поклопуваат, тие се завртени на различни страни. Малку е  тешко на прв поглед да се констатира, но евидентно е дека банкнотата има грешка. Проверив во повеќе банки и менувачници, сите потврдија дека е исправна, не е фалсификат - вели таксистот.  

Банкнотата од  сто денари е отпечатена во  септември 2009-тата и на неа стои потпис од тогашниот гувернер Петар Гошев.  Од Народна банка на Македонија  потврдуваат дека е грешка при печатењето. Банкнотата  од апоен од 100 денари  е со сериски број „МУ265803“, 

Банкнотата   за која  барате објаснување  е „Макулатура“ , односно се работи за грешка при печатење. Во фабриката каде се печатени апоените од 100 денари дојдено е до грешката, така што табакот од страната на Реверсот бил обратно завртен за 180 степени при што настанала грешка при печатење -изјави  Билјана Антовска, директорка на трезор при НБМ.  

Според неа не е ова прв случај, до сега имало примери на погрешно отпечатени банкноти и кај други апоени.  Антовска потсетува дека апоените кои имаат грешка при печатење се нарекуваат „Макулатури“ и истите Народна банка на Република Македонија ги заменува без провизија. Но затоа имаат поголема вредност на нумизматичкиот пазар, каде  собирачите  овие банкноти ,,макулатури,, ги чуваат како вредни експонати. 

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »