речник контакт

Во пијана состојба оштетил четири паркирани автомобили

Возилата биле паркирани во близина на поранешен СИМПО

Петар Печков

Уапсен велешанец кој бил фатен како на дело уништува паркирани автомобили кај поранешен СИМПО. Сторителот ил пијан. Деталите од информацијата на велешката полиција.

„На 21 мај во 01:00 часот, полициски службеници од СВР Велес, го лишиле од слобода П.Н.(31 год) од Велес. Tој e затекнат како врши оштетување на возила, при што оштетил три патнички возила паркирани на улица „11 Октомври“ и едно патничко возило паркирано на ул. „Никола Карев“ во Велес. При преземање мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,47 промили алкохол во крвта“ – информираа од СВР Велес.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 фото интернет

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »