речник контакт

Во пожарот кај езеро Младост изгоре шума, колку што велешани користат дрва во грејна сезона

Изгорените дрвја не можат да се користат за никаква намена, ниту за огрев ниту за граѓа

Петар Печков

Директорката на  Шумско стопанство ,,Бабуна,, ПЕ на Македонски шуми за Велес, Љубенка Попова кажа дека изгорените дрва,опд големиот пожар во понеделникот, покрај езеро Младост,  не можат да се користат за никаква намена. 

Овој пожар стручно беше највисок,  или дрвата се изгорени во целост, од коренот до последните иглици горе. Тоа значи дена не може да се користат ниту за граѓа, ниту за огрев. Според наши процени целата површина од 400 хектари за три години треба да биде покриена со нови садници - рече Попова.  

Проценките од штетите од пожарот, се дека се  изгорени соколу 20 илјади метри куби изгорени дрва. Или колку што за една зима користат велешани за огрев.   

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »