речник контакт

Во потрага по дрвокрадец и пукање и сообраќајка

Ноќна бркотница низ Горно Оризари по жител на Бузалково

Петар Печков

Ноќва, четврток кон петок, околу  1,00 часот во Горно  Оризари, во акција на велешката полиција за спречување на нелегалната сеча на дрвја, се случил  инцидент,кој ги вознемири жителите на населбата. Имало пукање, бегање, скршени   бандери, удрен комбајн. Како во некој акционен филм.

Полициски службеници СВР Велес  во рамки на активности за откривање и спречување на бесправно сечење дрва, се обиделе да сопрат камион  натоварено со дрва, управувано од Н.А.(43) од село Бузалково. Но истиот на даден знак не застанал и се обидел да избега со возилото, стартувајќи го со голема брзина во правец кон полициските службеници. Истите со намера да го сопрат од огнено оружје испукале неколку истрели во пределот на гумите од возилото, при што Н.А. со возилото удрил во еден од полициските службеници. Повредениот е пренесен во Општа Болница Велес за укажување на лекарска помош каде му е констатирана телесна повреда, а потоа е пуштен на домашно лекување.   Н.А. е приведен и задржан во Полициска станица Велес за понатамошна постапка – пишува во информацијата на МВР.   Увид на местото на настанот  извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Велес. За настанот е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

При бегството Н.А. со камионот удрил во комбајн, срушил бандера. Против него ќе бидат поднесени две кривични пријави за предизвикување општа опасност и напад на службено лице. 

 

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »