речник контакт

Во првата акција за крводарување собрани 79 крвни единици

Голема благодарност до дарителите кои не ги спречи ниту снегот, ниту студениот јануарски ден - кажаа од ОО на Црвен крст Велес

Петар Печков

Во првата годинешна акција на крводарување  организирана во  Велес, собрани се  79 крвни единици. Од нив 60 биле мажи и 19 жени, додека 2 лица прв пат даруваа крв, информираа од Општинската организација на Црвен крст во Велес, кој беше организатор заедно со Републичкиот завод за трансфузиона медицина. 

Голема благодарност до дарителите кои не ги спречи ниту снегот, ниту студениот јануарски ден. Благодарност и до театарот, каде се реализираше акцијата - напишаа на својот фб од ОО на Црвен крст Велес. 

Ланската  јануарска акција беа собрани 109 крвни единици а 2017-та кога имаше исто снег и ниски температури н71 крвна  единица. 

За потсетување лани беа собрани 4.459 крвни единици во текот на 365 дена а само последниот ден имаше 17 краводарувања.   

АНКЕТА »

2018-та е зад нас. Како ќе ја помните?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »