речник контакт

Во првиот уписен рок во прва година во Велес се пријавиле 600 ученици

Има вкупно слободни 1122 места. Вториот рок за упис за 522 места е на 30 јуни и 1 јули а резултати ќе бидат објавени на 3-ти јули

Петар Печков

Во Хемиското училиште „Димитрија Чуповски“ за вкупно 238 слободни места во двата дена од првиот уписен рок се пријавиле 130 кандидати. Според директорот Горан Јанков, најголем дел од пријавените биле за медицинските паралелки, а посебно за медицински лаборант и техничар, а нешто помал бил интересот за хемиски техничар,прехранбен техничар и месар.

Во Гимназијата „Кочо Рацин“ за вкупно  272  ученици во 8  паралелки се пријавиле вкупно 121 кандидат во гимназиската паралелка на македонски јазик и 29 кандидати во гимназиската паралелка на албански наставен јазик. Од новата учебна година првпат во велешката гимназија ќе стартува и експериментална програма за фудбал и ракомет  и според директорот Сашко Андреевски, со  запишани 15 ученици за изучување на ракомет и 20 за изучување на фудбал.

На првиот уписен ден во УСО Коле Неделковски најголем  интерес имало  за електро и машинската насока, како и за  сообраќајанта и угостителската. Таму се пријавиле вкупно 190 кандидати, а според информацијата од директорот Валентин Елисковски, најголем интерес има за информатичката насока и транспорт и шпедиција. Исто така ,во првиот уписен рок во ова средно училиште се пријавиле и 38 кандидати во сообраќајната и 32 во угостителската насока. Во прва година во ова училиште  ќе се запишат 408 ученици во 12 паралелки (340 ученици во10 паралелки со настава на македонски јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава на албански јазик).

И во Економското училиште „Јовче Тесличков“ во Велес за вкупно 170  слободни места за трите насоки: економски,деловен и банкарски техничар на првиот уписен рок  се пријавиле вкупно 95 кандидати, а според директорката Нада Јованова, најголем интерес имало за насоката економски техничар.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »