речник контакт

Во првиот уписен рок во прва година средно се пријавиле 534 ученика

Најмногу интерес има за медицински струки во Хемиско и во средното Коле Неделковски, за компјутерски техничар и за готвач

Петар Печков

Според податоците добиени од директорите на средните училишта во Велес од 1.088 слбодни места, половично е исполнет бројот на ученици кои ќе се запишат во прва година.

Најмногу  интерес завршените деветто одделенци покажале за  упис во средното училиште ,,Коле Неделкоски,, каде се пријавиле 229 ученика за 408 слободни места. Од нив најмногу пријави имало за компјутерски техничар и за готвач. 

Во Хемиското ,,Димитрија Чуповски,, за 238 слободни места  пријавени се 133 ученика а дури 70 пријави се за медицинските паралелки.

Во Гимназија Кочо Рацин има 238 слободни места а стигнале 124 пријави за упис во прва година од кои 13 се за учениците во албанската паралелка.

о Економското училиште ,,Јовче Тесличков,,  има 238 слободни места а  пријавени за упис во прва година  се 48 ученици а најмногу интерес има за струката економски техничар. 

Во четирите средни училишта во Велес, во прва година има 1.088 слободни места а основно завршуваат 490 деветто одделенци. Во Велес ќе се запишат и дел од завршени основци од општините Градско, Чашка и Лозово а дел од велешките завршени основци ќе се запишат во средни надвор од градот.   

Второто пријавување и запишување на учениците  во прва година средно ќе се врши на 28 јуни 2018 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 29 јуни 2018 година. 

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »