речник контакт

Во редица и за такси возило

Сонцето и високите температури ги избркаа таксистите од улица

Петар Печков

Деновиве велешани констатираат дека  тешко се   доаѓа до такси возило. Се чека по 20-тина и  повеќе минути за да дојде таксистот или пак на  такси стојалиштата возилата  ги  има малку или ги нема. Ваквата состојба  била забележана последните  30-тина дена.

Среќа е да се најде   таксист или да дојде бргу на повикот. Секогаш кога  ќе побарам добивам   одговор причекајте 20-тина минути. Едноставно ги снема од  улиците. Најверојатно причина се високите температури и таксистите бегаат од врелото сонце – велат велешани.  

Најчесто таксисти ги снемува во терминот од 16  до 19 ч. или пак навечер по 21 часот. Тогаш е мошне тешко да се најде возило. 

На овие високи температури разбирливо е што  не може да се издржи на сонце на +40. Дел од возачите се лица над 60 години и си го чуваат здравјето. Така  што разбирливо е што граѓаните имаа впечаток дека таксисти нема – вели претставник на такси здружение. 

Во Велес има регистрирано како легални такси возачи 130 лица со лиценци а се смета дек бројката на тие  што возат на диво е двојно повисока. 

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »