речник контакт

Во септември стартува деветолетка

Со конкретни промени во основното стартува деветолетката во септември. Ќе почне со нови наставни програми во предучилиштето, и учебници за најмалите во нулта групата. Третоодделенците ќе учат англиски.

Аница Солева

Во четврто ќе имаат уште еден изборен јазик и информатика. Во шесто се предвидуваат задолжителни и изборни предмети. Со тоа учениците полесно би се насочувале кон средното. Се оди на системот на деветолетка 5+4, со тенденција да стане 3+3+3, а тоа значи и појава на нижо основно образование. Поентата е учениците да се ослободат од досегашното учење фактографски податоци на памет. Реформите ќе одат постапно, но со тоа ќе се менува и целата досегашна структура во образованието. „Суштината е да се натера образовниот процес да го измени својот традиционален однос кон знаењето, кон тоа што значи негова вредност, а и употреба на вештините и на информатичката технологија во функција на прилагодување и на нашиот образовен систем, а и на општеството“, рече Азис Положани, министер за образование и наука. Промени ќе има и во средното образование, а како новина е стручно. Се враќа тригодишното средно образование за да може што пофлексибилно да се задоволи пазарот на труд. Високото во целост се усогласува со Болоњскиот процес. Таму новина е што на некои универзитети се скратуваат годините за студирање. Со новините во високото образование треба да се појави и нов кадар за реализација на националната програма за развој на образованието планирана до 2015-та година. Извор: [url=www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=59605]А1[/url]

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »