речник контакт

Во судир на два камиони еден починат

Судирот се случил близу Велес, кај Венуле, настрада жител на Пробиштип

Петар Печков

Во сообраќајна несреќа која се случи во петокот напладне, загина едно лице а едно е тешко повредено.   Според МВР сообраќајка се случила  во 13.25 часот на регионалниот пат Велес – Градско, во близина на месноста викана ,,Венуле“.

Во неа учествувале  камион  „Сканија“ со штипски регистарски ознаки и приколка  „Коегел“, управувано од Д.П.(1990) од Штип и  камион „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од В.Ц.(1959) од Пробиштип.    

Од здобиените повреди на лице место починал Владо Цветанов (57 год) од Пробиштип. Смртта е констатирана од доктор од  итната медицинска помош од Велес.  На Д.П. му била укажана лекарска помош по што бил префрлен  во Општа Болница  -Велес каде му биле констатирани телесни повреди  и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување. Сообраќајот бил во прекин до 16.45 часот.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »