Петар Печков
Објавено: вторник, 19 мај 2026
Реализирано е пролетното доброволното дарување на крв во средните училиште во Велес. Во Гимназијата учениците, професорите и вработените дарувале 10 крвни единици. Причина за одѕивот е што тој ден учениците заминале на обука за матурата, па немало ученици од завршните класови кои може да даруваат крв.
Најуспешна беше таа во „Коле Неделковски“ каде беа 35 крвни единици. Во Хемиското училиште „Димитрија Чуповски“ биле собрани вкупно 31 крвни единици.
Во Економското училиште Јовче Тесличков поради малиот број на матуранти, кои можат да даруваат крв, ваква акција не се одржува неколку години.
Или вкупно во трите крводарителски акции во средните училишта, учениците, вработените и професорите дарувале 76 крвни единици.
Вакви акции се организираат напролет и наесен.
Во ланските есенски беа собрани 79 крвни единици а пролетта 90.
| Tweet |




