речник контакт

Во трите средни училишта од Велес, собрани 79 крвни единици (фото)

Од овие собрани единици, првократни се 57 млади дарители

Петар Печков

Co крводарителската акција во  Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес заврши есенското доброволното дарување во средните училиште во градот. Во Гимназијата учениците, професорите и вработените даруваа 17 крвни единици, од нив 8 лица  за прв пат.

Најуспешна беше таа во „Коле Неделковски“ каде беа 42 крвни единици, 38 од нив за прв пат даруваа крв.  Во Хемиското училиште „Димитрија Чуповски“ биле собрани вкупно 20 крвни единици, 11 од нив дарувале за прв пат и станаа дел од најхуманото семејство во државата. 

Во Економското училиште Јовче Тесличков поради малиот број на матуранти, кои можат да даруваат крв, ваква акција не се одржува неколку години. 

Или вкупно во трите крводарителски акции во средните училишта, учениците, вработените и професорите дарувале 79 крвни единици, од нив 57 за прв пат.  
Вакви акции се организираат напролет и наесен.

Во ланските есенски беа собрани 83 крвни единици а пролетва 90. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »