речник контакт

Во фабриката за вар не сакаат контрола на работата

Во два наврати попречуван во работата државниот инспектор за екологија

Петар Печков

Постапувајќи по реакции на граѓаните, за работата на варницата во Превалец, овластеното службено лице, при неговата посета  било попречувано во извршувањето на неговата дејност.  Државниот  инспектор за животна средина во два наврати бил  попречуван во работата од лица  во фабриката Превалец. За настанот информираа  од надлежниот Инспекторат за животна средина и од велешката полиција.       

„На денот на извршувањето на пробно тестирање на влијанието на бучавата во животната средина, одредено физичко лице, вработено во ДПТУ „Каменолом техно павер“ ДООЕЛ извоз-увоз Скопје, вербално го нападна, омаловажуваше и попречуваше инспекторот за животна средина во извршувањето на својата службената должност. Ова физичко лице е уредно пријавено во полицијата во Велес, од чија страна е поднесена соодветна пријава. 

Еве што одговорија од велешката полиција за овој инцидент.

На ден 30.11.2017 год. од страна на државниот инспектор за животна средина пријавено е омаловажување од страна на лицето Р.Ш.(41) вработен во „Техно павер“ додека и тој ги извршувал своите работни задачи во кругот на каменоломот.   Против лицето Р.Ш. ќе биде поднесена Прекршочна пријава.

Две недели подоцна се случил нов инцидент во фабриката за вар, откако надлежниот испектор, бил во контрола на ова,,А,, инсталација,, 

 Во средината на месец декември 2017 година, извршени се мерења на емисии на прашина од статичен емитер на печка, како и земање примерок од отпадна технолошка вода од испусниот канал. Во периодот додека се извршувани овие активности, еден од сопствениците на правното лице „Каменолом техно павер“ го вознемируваше и оневозможуваше државниот инспектор за животна средина во извршувањето на својата службената должност. За овие настани пријавено е во полициска станица од општа надлежност Велес, од чија страна се преземени соодветни законски мерки“, информираа од инспекторатот.

Од велешката полиција го потврдија овој настан. 

На ден 11.12.2017 год. од страна на државниот инспектор за животна средина Ј.Д.(55) од Велес пријавено е дека лицето Ј.Ј.(41), сопственик на каменоломот во нас.Превалец, вербално му се заканувал затоа што инспекторот вршел контрола на неговиот каменолом.  Лицето Ј.Ј. усно е предупредено. 

АНКЕТА »

2017-та е зад нас. Како ќе ја помните?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »