речник контакт

Во четири населени места, водата од селските чешми и водоводи не е за пиење

Водата во водоводната мрежа во Клуковец и Раштани, како и од селските чешми во Бузалково, Раштани и Горно Оризари исто така е неисправна

Петар Печков

Локалната власт ги објави  резултатите од последните Извештаи за извршените анализи од здравствената безбедност на водата за пиење од природните чешми и водоводи, кое го изврши  ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес.

Тој  дава стручно мислење дека во сите  испитаните примероци, водата од природните чешми и водата од водоводите во неколку  населени места, Клуковец, Бузалково, Раштани и Горно Оризари,  не соодветствува на прописите за бактериолошка анализа поради зголемен број на индикатори на фекално загадување. Оваа вода не може да се користи како вода за пиење.

02.05 2025  село Клуковец, водоводна мрежа школо. Испитаниот примерок не одговара на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа,  заради зголемениот број анаеробни  бактерии и  присуство на ешерихија коли, индикатор на фекално загадување. Потребно е да се воспостави редовна дезинфекција на водата, за да може да се користи за пиење.

02.05.2025 Бузалково природна чешма извор.  Испитаниот примерок не одговара на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа,  заради зголемениот број анаеробни  бактерии и  присуство на ешерихија коли, индикатор на фекално загадување.  Потребно е да се изврши асанација на објектот и околината, водата да се преврива доколку се користи за пиење.

02.05. 2025 Раштани природна чешма извор. Испитаниот примерок не одговара на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа,  заради зголемениот број анаеробни  бактерии и  присуство на ешерихија коли, индикатор на фекално загадување. Потребно е да се изврши асанација на објектот и околината, водата да се преврива доколку се користи за пиење. 

02.05..2025 Раштани локален водовод Испитаниот примерок не одговара на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа,  заради зголемениот број анаеробни  бактерии и  присуство на ешерихија коли, индикатор на фекално загадување.  Потребно е да се воспостави редовна дезинфекција на водата, за да може да се користи за пиење.

02.05.2025 Горно Оризари чешма сред село, извор.  Испитаниот примерок не одговара на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа,  заради зголемениот број анаеробни  бактерии и  присуство на ешерихија коли, индикатор на фекално загадување. Потребно е да се воспостави редовна дезинфекција на водата, за да може да се користи за пиење.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »