речник контакт

Вработени на „Кока-Кола“ му продавале тајни на „Пепси“

Тројца вработени во „Кока-Кола“ се обвинети за индустриска шпионажа откако се обиделе на ривалската компанија „Пепси“ да и продадат доверливи информации и примерок од новиот пијалак на компанија, за 1,5 милион долари

lj lkjl

Тројца вработени во „Кока-Кола“ се обвинети за индустриска шпионажа откако се обиделе на ривалската компанија „Пепси“ да и\' продадат доверливи информации и примерок од новиот пијалак на компанија, јави Ројтерс. Федералното обвинителство соопшти дека луѓето се обиделе доверливите информации да и\' ги продадат на „Пепси“ за 1,5 милион долари. За случајот полицијата ја информирал менаџментот на „Кока-Кола“ откако од „Пепси“ добил писмо дека тројцата се обиделе да им продадат документи што содржат детаљни информации за новиот пијалак, кој наскоро треба да излезе на пазарот. Крадците се уапсени откако агент на ФБИ, кој се претставил како вработен во „Пепси“, од нив добил 14 кутии со документи, за кои раководството на „Кока-Кола“ потврдило дека информациите се доверливи.

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »