речник контакт

Вратени парите за месечните железнички билети за септември

МЖ Транспорт позитивно одговорила на барањето на корисниците за обесштетување

Петар Печков

Стотина велешани ги добиле парите кои тие ги бараа од Македонски железници - Транспорт. Тие се за месечните билети, кои велешките корисници  не ги искористија во септември,оти две седмици машиновозачите штрајкуваа.   

Сите патници – корисници на месечните претплатнички билети, кои уредно ги доставија барањата за повраток на пари до МЖ Транспорт АД - Скопје, им се вратени парите за деновите на штрајкот. Останаа нерешени неколку барања кои се нецелосни - изјавија од МЖ Транспорт.

 На овие баратели за повраток на пари им било укажано да ја комплетираат потребната документација за да може да им бидат вратени парите, без оглед што минал еден месец. Но од ЈПМЖ -Транспорт укажуваат на лоша пракса на дел од корисниците. Тие купувале билет кој е поевтин и важи  за две седмици,  а со него се возеле цел месец. Или како што објаснуваат две седмици се возеле на црно.

Петстотини велешани се корисници на месечен возен билет на релацијата Велес- Скопје- Велес и нивниот билет чини 2,4 илјади денари. 

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »