речник контакт

Врачена наградата Петре Прличко на Милица Стојанова

Таа е десети добитник и прва жена добитничка

Петар Печков

Актерката Милица Стојанова, ја доби наградата  за животно дело Петре Прличко. Таа е во вредност од 30 илјади денари, доби и плакета со ликот на Прличко а актерите на велешкиот театар во нејзина чест ја одиграа претставата ,,Спанаќ со пржени компири,,. Стојанова беше пресреќна од добиеното признание и со три пати благодарам, на сцената  го искажа нејзиното задоволство.   

Имав задоволство да играм со Прличко, да настапувам во претстава која е во негова режија. Тоа е драгоцено искуство кое не се плаќа - изјави Стојанова.

Таа е родена 1932-ра а иако е во е во пензија од 1992-та, објаснува дека тоа е само административно. Стојанова и натаму е присутна на театарски штици, пред камерите. Последна театарска ролја е во ,,Алма Малер,,

Во нејзината биографија има запишано дека настапува во 33 претстави на  МНТ, 52 во Драмски, 9 гостувања во други  театри, во  26 ТВ драми на  МТВ, во 16  ТВ  серии и  во десет играни филмови, меѓу нив ,,Мирно лето,, Пред дождот,,  Исправи се Делфина,, ,,Среќна нова, Тетовирање, ,,Деца на сонцето,,  .

Откако е  пензионирана  има играно во 14  театарски претстави. Добитник е наградата 11-ти Октомври и на  награда на  Стеријно позорје во Нови Сад. 

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »