речник контакт

Врачени Нобеловите награди за 2016

Се доделува во шест области и вреди 824 илјади евра

Петар Печков

Шведскиот крал Густав Шеснаесети во Стокхолмската филхармонија ги врачи нобеловите награди за 2016 година за медицина, физика, хемија, литература и економија. Деветте лауреати од монархот добија дипломи и златни медали.

Претседателот на Нобеловата фондација, Карл-Хенрик Хелдин, кој ја отвори денешната церемонија, изјави дека целта на основачот на наградата, Алфред Нобел, била да ги награди луѓето кои носат најголема корист за човештвото.

Нобеловата награда за физиологија или медицина ја доби Јапонецот Јошинори Осуми за откривање на механизмите на автофагија - процес за разградување и рециклирање на клеточни компоненти.

Нобеловата награда за физика ја зедоа Британците на привремена работа во САД, Дејвид Џ.Таулс, Ф. Данкан М. Холдејн и Џ. Мајкл Костерлиц за теоретските откритија на топологичните фазни премини и топологичните фази на материјата.

Французинот Жан-Пјер Соваж, Шкотланѓанецот Фрејзер Стодарт и Холанѓанецот Бернар Феринха ја добија Нобеловата награда за хемија за разработка и синтеза на молекуларните машини.

Британецот Оливер Харт и Финецот Бенгт Холмстром, кои работат во САД, ја добија Нобеловата награда за економија за својот придонес во договорната теорија.

Лауреатот за Нобелова награда за литература, американскиот музичар Боб Дилан, како што и најави, не присуствуваше на церемонијата, правдајќи се со други ангажмани.

Освен медал и диплома Нобеловата награда се состои и од чек во износ од осум милиони шведски круни (824 000 евра), што се делат меѓу наградените за одрдена област во случај кога ја добиваат двајца или повеќе лауреа.

 Нобеловата награда за мир се доделува во  Осло и годинава ја доби Колумбискиот претседател   Хуан Мануел Сантос. 

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »