речник контакт

Врачени првите дипломи на Техничко – технолошкиот факултет

25 дипломирани студенти се првата генерација на ТТФ во Велес кој започна да работи во 2008-та година со само еден студент а денес да брои 800-тини

Петар Печков

Со просек од 9,80  велешанката Кети Гешовска е првата завршена студентка на Техничко -технолошкиот  факултетот од Велес. Таа го има и индексот број еден, кога во далечната 2008-та есента прва се запишала.

Задоволна сум од  мојот резултат, од односот со професорите, од стекнатото знаење. Имавме добра комуникација со наставниот кадар. Добро е што овој факултет се отвори во Велес. Тоа ме поштеди од напорни патувања, живот како потстанар. Луѓето треба да се запознаат и имаа повеќе информации  и внимание за храната, треба да знаат како да се хранат здраво, како да ја консумираат. Секако треба да се воведат нови видови на технологии кои се  познати во светот и се имплементираат кај нас. Кај нас има здрава храна, но луѓето не можат да донесат точна оценка за тоа. Да ги читаат декларациите, тоа е неопходно – вели Гешовска која е на магистерски студии на истиот факултет..

Првите 25 инженери технолози, насока прехранбена технологија и   биотехнологија ги добија нивните дипломи на свеченост која се одржа во Големата сала на Општина Велес.  Тие ги завршија четиригодишните студии на Техничко –технолошкиот факултет кој има седиште во Велес а е дел од  Универзитетот  ,,Св. Климент Охридски,, од Битола. Дипломите на завршените студенти им ги врачи  в.д. деканот  на ТТ Факултетот доцент  д-р Валентина Павлова.

Факултетот  во првиот рок го запиша само еден студент во наставната 2008/09-та година за потоа таа да расте од година во година и сега да изнесува 800 заедно со дисперзираните настави во Кичево и Битола.  Факултетот има и 25 пост дипломци а од есен се најавуваат и уписи за докторанти. Во изминатите години факултетот имал и одлична соработка со фирмите: Жито Вардар, Агрија, Млекара Милком,  Маслодајна, Општа Болница и Здравствен дом - Велес, Средното Хемиско Училиште, Витаминка од Прилеп.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »