речник контакт

Врачени првите сертификати за такси возачи

Досега во Велес во четири полагања 158 возачи се здобиле со сертификат

Петар Печков

 Доделени се првите 38 сертификати за такси возач. Тоа се возачите кои први го положија тестот, за професионално да се  бават со оваа работа.  Заедно со вчера доделените , досега се издадени вкупно 77 уверенија на положени кандидати. Уверенијата ги врачи градоначалникот Славчо Чадиев.

 Со ова започнува воведување на ред во такси превозот во градот. Ќе го почитуваме законот и од едната страна  и  од другата страна - рече Чадиев. 

 Во средата  се одржа и  четвриот круг од полагањата за добивање на Уверение за положен испит и Сертификат за авто-такси возач, при што сите 81 кандидати кои беа пријавени, го поминаа предвиденото тестирање.  Така досега во Велес имаат положено 158 такси возачи. Таксистите пак ги повторуваат со години нивните проблеми, кои остануваат нерешени. 

Нелегална конкуренција, дивите таксисти и паркинг просторот. Тоа се проблемите кои бараме локалнава власт да ги реши, откако ние кои решивме да живееме од такси услугата, ги презедовме сите чекори, кој од  нас се бараа -велат од такси здружението.  

Испитот се состои од теоретски дел кој се полага писмено во форма на тест и содржи прашања од две тематски области и тоа: безбедност на сообраќајот и патиштата и превоз на патниците. Со добивањето на овој сертификат, во иднина значително ќе се подобри услугата во вршењето на такси превозот.  

 Патниците пак очеквуаат подобри уислови во возењето и пред се користење на фискалните апарати, кои повеќе слуажт како декор, отколку што се во функција. 

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »