речник контакт

Времена мерка забрана за работа на Варницата Превалец

Ова доаѓа откако вчера реката Тополка побеле а имаше и помор на риби

Петар Печков

Издадена  е усна  наредба  каменоломот и варница  времено Превалец-Технопавер да престане со работа, додека не се добијат резултатите од анализата на водата од реката Тополка кај Велес.

Таа  вчера побеле, а по нејзиниот долен  тек беа забележани  угинати риби. Според информациите од Државниот Инспекторат за Животна Средина,  вчера по добивање на информациите за можно загадување на реката Тополка, направиле вонреден надзор заедно со центарот за јавно здравје од Велес.

При увидот извршен во 14 часот вчера констатирано е дека има угинати риби на вливот на реката Тополка во Вардар и заматеност на водата со белузлава боја. Направен е надзор н речното корито под правниот субјект каменолом и варница Превалец-Технопавер и констатирано е дека водата над мостот кај населбата Превалец е чиста и нема угинати риби. Под испустот на отпадни води од каменоломот не е забележана угината риба во должина од 500 метри, пишува во извештајот на Државниот инспекторат за животна средина.

Центарот за јавно здравје Велес земал мостри од водата за испитување, а Инспекторатот ќе преземе соодветни  мерки по добивање на резултатите од испитувањето. Освен вчера, ваков случај на помор на риби и побелување  на реката  Тополка, беше  констатиран и  на 28 август. Досега нема резултати што покажаа тогашните испитувања, кој е  загадувачот.

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »